Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29:27 (13:9) се прости од Европското првенство кое се одржува во Германија.

Натпреварот во „Мерцедес-Бенз Арената“ понуди голема драма, иако во неколку наврати нашиот национален тим имаше водство и од пет гола разлика. Грешките доведоа до трилер, а за среќа Македонија издржа и запиша победа.