Македонец дивеел во контра насока на автопатот Белград – Ниш/ВИДЕО

3262

Припадници на Управата на сообраќајната полиција синоќа во таканаречен пресретнувач фатиле дрзок возач кој возел во спротивна насока кај Гроцка на автопатот Белград-Ниш. За среќа никој не е повреден, а против возачот е поднесена прекршочна пријава.

Српското МВР на својот официјален Инстаграм профил сподели видео од запирањето на возачот.

Возилото „фолксваген голф“ го управувал 49-годишен македонски државјанин.