Летонија: Американското воено присуство во нашата земја треба да биде постојано

22

Летонискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс изјави дека по рускиот напад врз Украина, американското воено присуство во Летонија треба да биде постојано.

Ринкевичс, кој се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во рамките на неговата турнеја низ балтичките земји, на заедничка прес-конференција изјави дека не верува оти Русија ќе ја промени својата политика.

– Врз основа на неодамнешните настани, го поздравуваме континуираното присуство на американските сили во Летонија, рече Ринкевичс.

Истакнувајќи дека балтичките земји треба дополнително да го зајакнат својот крајбрежен одбранбен систем по рускиот напад врз Украина, Ринкевичс рече дека „неодговорните напади на Русија врз Украина уште еднаш докажаа дека тоа претставува долгорочна закана за безбедноста на Европа“.