Фудбалерот на Баерн од Минхен, Роберт Левандовски беше награден со „Златна копачка“ за најдобар стрелец во европските лиги за минатата сезона. Левандовски е само вториот играч од германската лига што ја освоил оваа престижна награда, по Герд Милер, во сезоната 1971/1972 година. Полскиот напаѓач минатата сезона постигна 41 гол на 29 натпревари во лигата.

  • Благодарен сум на моето семејство, соиграчите, тренерите и целиот клуб. Исклучително сум горд на она што го постигнавме како тим, истакна Левандовски.

Лионел Меси со 30 и Кристијано Роналдо со 29 гола останаа зад Левандовски минатата сезона.