Руската атлетичарка Јелена Лашманова е суспендирана на две години поради позитивен допинг тест, а воедно и е одземен златниот олимписки медал кој го освои во дисциплината на 20 километри одење на Игрите во Лондон 2012. На Русинката, исто така, ѝ се избришани сите резултати од 2012 до 2014 година. Тоа значи дека златото од СП 2013 година во Москва и е избришано.

  • Лашманова ја прифати казната и ќе остане без олимпиското злато од Лондон, како и светското злато од Москва, стои во соопштението на Атлетската единица за интегритет.