Курто Дудуш избран за „Најпријателски ромски градоначалник“ за 2019 година

365

Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш е добитник на наградата „Најпријателски ромски градоначалник” за 2019 година, која се доделува во рамки на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција”.

Организатор на изборот во нашата земја е коалицијата „Khetane” која заедно со претставници од меѓународни институции и владини претставници во независната комисија го прогасиле градоначалникот Курто Дудуш за победник со освоени 38 поени, наспроти градоначаниците на општините Берово со 31, Куманово 27 и Крива Паланка со 17.

Наградата, како што информираат од Општина Шуто Оризари, била официјално доделена вчера на церемонија во Еврoпскиот парламент во Брисел, од претставници на Европската комисија и Европскиот парламент.

Проектот е поддржан од Европската унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG и е имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.