Кристина Арнаудова: Излезете на терасите во 17 часот и со аплауз да им заблагодариме на здравствените работници

145

Пејачката Кристина Арнаудова, денеска преку својот Фејсбук профил повика во 17 часот да им дадеме поддршка на здравствените работници и на министерот Филипче.

Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници! Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!! , напиша Арнаудова на својот Фејсбук профил