Кој му помогнал на Груевски да избега?

105
Обвинителката Вилма Русковска синоќа  во интервју за Тв 24 изјави дека немаат докази за тоа кој му помогнал на екс премиерот Никола Груевски да избега од Македонија.

Таа вели дека клучните докази не ги добиле од Албанија.

Русковска рече дека биле повикани многу сведоци, но не знае дали бил повикан и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Таа рече дека не го видела предметот и не може да се сети на имињата на сведоците кои биле повикани во обвинителството.