Кој знае како утре ќе изгледа мојот задник?!

88

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Американката Линдзи Вон (34), ги покажа последиците од незгодниот пад на супервелеслаломската трка во шведски Оре. Нејзиниот пат изгледаше стравично, но за среќа мина без некои скршеници.

  • Кога го најавив заминувањето и кажав дека сакам посебно да се сеќавам на последната трка, не мислев на ова. За среќа, завршив само со оток, набиени ребра и укочен врат. Ова се последиците од падот, а едвај чекам да видам утре како ќе изгледа мојот задник, истакна Вон.

Американката во недела за последен пат ќе се спушти низ белата падина како професионална скијачка, откако реши да стави крај на својата богата кариера.