Астролозите велат дека секој хороскопски знак има специфични особини кои ги диктираат неговите одлуки, вклучително и тоа со каква тетоважа би си го украсил телото.

Некои знаци одбираат тетоважи кои за нив имаат посебно значење, додека други одбираат естетски примамливи мотиви.

Овен

Овенот е самоуверен, храбар и склон кон авантури. За тоа да го докаже, тој ќе биде склон кон тетоважи кои се истакнуваат и со кои може да ја покаже својата личност. Воден од Марс, планетата на акцијата, ќе посака и таква тетоважа – поврзана со акција, победа и движење. Својата тетоважа со задоволство ќе ја покажува па затоа ќе одбере некое видливо место од телото.

Бик

Водени од владетелката Венера, планетата на љубовта, Биковите се сензуални и сакаат да уживаат во животот, па нивните тетоважи може да бидат едноставни и естетски убави. Исто така, често ќе се одлучат на тетоважи кои имаат одредено значење.

Близнаци

Знакот на близнаци претставува доверба и хаос, а нивниот ум секогаш е во потрага по свежи идеи и бројни можности. Поради тоа, за нив, изборот на тетоважа може да биде вистински предизвик. Сепак, веројатно е дека припадниците на овој знак ќе одлучат да ги тетовираат омилените слики или изреки. Склони се и кон сликичка со две лица како симбол на нивниот знак.

Рак

Припадниците на овој знак се повеќе ориентирани кон домот и семејството, така што симболи како семејно стебло или грб, имињата на децата или други членови на семејството и местото на раѓање веројатно би биле нивниот избор. Раковите исто така се многу поврзани со татковината, па се склони кон патриотски мотиви за тетоважа.

Лав

Лавот е енергична е страсна личност која ужива да биде во центарот на вниманието, па тетоважите кои ќе ги одбере ќе бидат во славна на моќта. Личностите родени во овој знак се склони да си го украсат телото со тетоважа на своето име, прекар или ликот на лав во различни комбинации.

Девица

Девиците на се во животот му пристапуваат со многу внимание, а одлука за тетоважа донесуваат откако убаво ќе размислат. Така е и со тетоважите, па најчесто се решаваат за слики кои за нив имаат посебно значење, како името на детето или некој значаен датум. Тетоважите сакаат да ги задржат за себе и ако се тетовираат тоа го прават на места кои не се видливи.

Вага

Вагите се склони да изберат тетоважа која претставува убавина и ќе се одлучат на едноставни прикази на цвеќе или птици. Освен тоа, склони се на своето тело да го истетовираат името на партнерот. Без оглед на тоа кој дизајн ќе го одберат, акцентот е на естетиката.

Скорпија

Кај скорпиите во животот па и кај тетоважите важи се или ништо. Или воопшто не се склони кон тетовирање или се големи вљубеници и целото тело би го покриле со тетоважи. Посебно сакаат два мотива: на феникс, кој се спротивставува на сите неволји и повторно се крева од пепелта или скорпија, за да покажат на кој знак му припаѓаат.

Стрелец

Стрелецот има авантуристички дух и секогаш е подготвен за нови авантури па неговите тетоважи често се посветени на неговите авантури. Припадниците на овој знак често се решаваат да истетовираат инспиративни цитати, зборови на странски јазик, географски координати и религиски симболи.

Јарец

Јарецот често се смета за најсериозниот знак од хороскопот, па нивните тетоважи се всушност животни насоки за успех и среќа. Сеедно дали станува збор за инспиративни цитати, симболи на валути или нивниот датум на раѓање, јарците секогаш ќе сакаат минимални, но впечатливи начини за славење на својот лик и дело.

Водолија

Водолијата својата индивидуалност често ја пренесува и на изборот на тетоважа па така ќе се одлучи за уникатни и необични тетоважи. Припадниците на овој знак често со часови студиозно ќе ги разгледуваат урнеците и самите ќе учествуваат во креирањето на финалниот дизајн на нивната тетоважа.

Риби

Рибите се исклучително сензуални и од сите знаци за нив е најверојатно дека ќе го истетовираат името на својот партнер. Тие не се плашат од коментарите на јавноста туку го прават исклучиво она што самите го сметаат за исправно. Склони се и кон тетоважи со водени мотиви.