Македонската кошаркарска репрезентација доби нов селектор, откако Кошаркарската федерација (КФМ) и официјално ја потврди шпекулацијата дека српскиот тренер Драган Бајиќ седнува на клупата на селекторското столче.

Тој доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФМ не му понуди нова соработка по неуспешните квалификации за ЕП.

Инаку, Бајиќ е петтиот странец, кој ќе седне на клупата на националниот тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификациите за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат играше во 2015 година.

Новиот предводник на националниот тим во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига е најпријатно изненадување. Во досегашниот дел од својата тренерска кариера ја има водено само уште екипата на Черно Море во 2015 година.

ФОТО: Петр Стојановски