Не постои поголема светска ѕвезда за чија здравствена состојба се чека долго време да се чуе убава вест. За жал, сè уште ја нема, напротив…

Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер се опоравува далеку од очите на јавноста по страшната несреќа на скијање во 2013 година, но само семејството и лекарите знаат како се одвива тоа закрепнување и дали воопшто постои. На семејството овие денови им сè потешко.

Според германските медиуми, цената на третманот на Шуми е огромна, па неговата сопруга Корина реши да го продаде луксузниот имот во Женева за кој таа и нејзиниот сопруг некогаш сонувале да живеат.

Имено, во близина на Женевското езеро се наоѓа нивниот „замок од бајките“, недвижнината „Покрај млина“, која ја купија кога Шумахер водеше војна на патеката да дојде до петтата титула.

Ѕвездата во Формула 1 го купи големиот замок и започна да го реновира за околу 3.5 милиони евра, со намера да го задржи ранчот со коњи што ги поседува Корина во близина на нивната „куќа од соништата“.

Имотот сега се продава за 5.87 милиони евра, а германски „Бунте“ пренесува дека агентот за недвижнини го опишува како „ранч од 20.016 квадратни метри, што порано бил мелница, а во моментов е фантастичен имот во тивко заштитено место.

За жал, нема ништо од фантастичното уживање во животот за двојката Шумахер поради состојбата на Михаел, па екстремно скапиот третман ја наведе неговата сопруга да го продаде нивното омилено место.

Иако неодамнешната вест дека „Корина го пренела барањето на Шуми“ да се направат мали измени во документарецот што се подготвува за него – сугерира дека закрепнувањето на големиот спортски ас може да оди во вистинска насока, затоа инвестирањето во здравствена заштита е дополнително скап – премногу неопходен, со цел уште повеќе да се подобри неговата состојба.