Книга: „Пирамидите на денот“ – за љубовта, личната слобода, Бог, судбината

40

Тринаесетте раскази од „Пирамидите на денот“ на Даина Ополскаите се занимаваат со размислувањата околу тоа што се менува во текот на времето во светот на протагонистите и на што му е судено вечно да трае.

Се поставуваат прашања за човековото битие, љубовта, личната слобода, Бог и судбината, покрај кои животот на современиот човек се доживува како најголемо постигнување. Кратките раскази на Ополскаите започнуваат со приказ на односите во рамките на едно семејство: меѓу сопружниците, родителите и децата, браќата и сестрите, понекогаш меѓу блиските пријатели или љубовниците. Темите на предавството или гризењето на совеста се истражуваат преку јазикот, кој е нежен и богат. Еден соголен реализам на човековото постоење силно дејствува врз читателската фантазија, а некои елементи на мистика и фантастика одржуваат рамнотежа меѓу видливиот свет и магичниот реализам. Расказите се пишувани во период од осумнаесет години, период во кој добија највисоки оценки од книжевната критика.