Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс намалија на 2-1 во четвртфиналната серија во НБА лигата против Јута, откако на свој терен славеа со 132:106. Пресметката во „Стејплс Центар“ не понуди многу неизвесност, домаќинот на крајот убедливо славеше и не дозволи „брејк“. Одлична партија имаа двете ѕвезди на Клиперс, Кавај Ленард запиша „дабл-дабл“ со 34 поени и 12 скокови, додека Пол Џорџ уфрли 31 поен. Кај Јута, најдобар беше Донован Мичел со 30, а го следеше Инглс со 19 поени, недоволни за подвиг во „Стејплс центарот“.

Четвртиот натпревар од серијата е закажан за вечерта меѓу понеделник и вторник, со почеток од 04:00 часот.