Канада воведува нови санкции кон Русија

28
 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе воведе санкции против „десет соучесници“ на руската инвазија на Украина, меѓу кои се руски високи претставници и олигарси.
„Канада најавува нови санкции против десет соучесници во оваа неоправдана инвазија“, изјави Трудо во Лондон, на заедничката конференција со британскиот и холандски колега Борис Џонсoн и Марк Руте.
Новите санкции се кон луѓе од списокот, составен од рускиот опозиционер Алексеј Навални, а на него се „поранешни и актуелни високи функционери, олигарси и приврзаници“ на руските власти, изјави Трудо, без да ги објави точните имиња.
Канадските власти претходно забранија увоз на руска сирова нафта и воведоа санкции против десет претставници на двете руски енергетски компании „Роснефт“ и „Газпром“.