Кам-бек на Филипе Андерсон

65

По пауза од неколку сезони, бразилскиот интернационалец Филипе Андерсон, најверојатно повторно ќе го обелече дресот на римскиот калчолигаш Лацио. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, а изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Порто. Зелено светло за реализација на трансферот веќе има дадено и новиот тренер на „светлосините“, Маурицио Сари.