И официјално: Роберт Патинсон е новиот Бетмен

203

Холивудскит актер Роберт Патинсон, миленик на тинејџерките ширум светот е новиот Бетмен. Тој ќе го глуми суперхеројот во новото продолжение од франшизата за популарниот суперхерој.

Патинсон голема популарност стекна со улогата на вампирот Едвард во “Twilight”, а ќе го наследи Бен Афлек.

Минатите два филма “Batman v Superman: Dawn of Justice” и “Justice League” немаа голем успех.

Одабирот на Роберт Патинсон за “Variety” е потврден од  “The Warner Bros”. Во конкуренција за улогата бил и англискиот актер Николас Холт .

Првиот филм на Патинсон во улога на богаташот Брус Вејн од Готам кој се бори против криминалот ќе биде едноставно наречен “The Batman”, а премиерата се очекува во кино салите во јуни 2021 година.

Поранешниот Бетмен, актерот Бен Афлек пак на Твитер напишал:

“Возбуден сум за “The Batman” и едвај чекам да ја видам визијата на Мет Ривс”.