Германецот Мик Шумахер ќе биде резервен возач на Мекларен во Формула 1 оваа сезона, соопшти британскиот тим.

  • Мекларен ќе може да го доведе Мик Шумахер како резервен возач во текот на сезоната 2023, како дел од договорот со Мерцедес – изјавија од Мекларен.

Шумахер претходните две години возеше за Хас, но го загуби местото во тимот, па Мерцедес го ангажираше како резервен возач за оваа година. Тој ќе биде замена на Луис Хамилтон и за Џорџ Расел во тимот на Мерцедес.

Слична улога ќе има и во Мекларен, кој ќе го повика во случај возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри да не бидат достапни поради некоја причина.