И без публика, фудбалот е фудбал

42

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Франк Лампард, откри дека со нетпрение го очекува продолжувањето на актуелната сезона иако преостанатите натпревари ќе бидат одиграни без присуство на навивачите.

  • Нема навивачи, нема поддршка од трибини, што е особено силна во Англија. Фановите ве влечат напред, принудувајќи да го дадете најдоброто. Но, дури и без публика, фудбалот е фудбал, секако носи радост. Се уште се борите за три бода и честа на вашиот тим, изјави Лампард за веб-страницата на Челзи.