Исчистена депонијата на „Новопроектирана“ во Кисела Вода

96

По барање на граѓаните, Општина Кисела Вода во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ целосно ја исчисти најголемата дива депонија на својата територија, лоцирана на улицата „Новопроектирана“ број 13.

Во должина од околу 100 метри и ширина од 5 метри, работниците на Општината заедно со нивните колеги од  комуналното претпријатие рачно и со помош на механизација собраа вкупно 300 кубни метри отпад.

Локалната самоуправа и во следниот период ќе продолжи со активности за чистење на депониите и каналите. Општината апелира до граѓаните да не одложуваат отпад на јавни површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота.