Иско е зимски приоритет

111

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на офанзивниот играч за врска од редовите на Реал (М), Франциско Иско.

Репрезентативецот на Шпанија не е задоволен од минутажата која ја има на „Сантијаго Бернабеу“ и од соработката со шефот на стручниот штаб, Зинедин Зидан. Големата желба на „старата дама“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Иско не биде помала од 60 мил. евра.