Кошаркарот на Бруклин, Кари Ирвинг, купи куќа за семејството на Џорџ Флојд, кој почина како последица на полициска бруталност при апсење во мај минатата година.

Информацијата ја обелодени во јавноста поранешниот НБА кошаркар и шампион со Сан Антонио во 2003 година, Стивен Џексон, истакнувајќи дека грижата за семејството на Флојд никогаш не престанала.

  • Тоа семејство прими многу љубов. Не само од нас, туку од целиот свет. Многумина од моите пријатели, исто така, помогнаа. Кари Ирвинг им купи куќа, раперот и продуцент Лил Вејн им купи „мерцедес“, а пејачката Барбара Стрејсенд им ги понуди своите акции во компанијата „Дизни“, изјави Џексон.