Инсиње остана само желба

49

Англиските медиуми открија дека лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул, не успеал во намерата да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер на италијанскиот калчолигаш Наполи, Лоренцо Инсиње, за време на зимскиот преоден рок.

Менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп, сакал во пролетниот дел од сезоната на располагање да ги има и услугите на крилниот напаѓач, но официјалната понуда вредна 70 мил. евра експресно била одбиена со образложение дека Инсиње вреди 150 мил. евра.