Арон Ернандез имаше само 23 години кога потпиша договор вреден 40 милиони евра. Тој беше голем спортист, се чинеше дека има сè во животот, но реалноста беше поинаква…

Ернандез беше голема ѕвезда на американскиот фудбал, еден од најдобрите играчи на моќните Њу Ингланд Петриотс. Тој беше успешен и славен, имаше прекрасно семејство и се чинеше дека човек не може да биде посреќен од него, сепак, сè беше маска. Арон всушност водел двоен живот.

Ернандез отсекогаш бил горд на своето потекло од Порто Рико. Роден е во Конектикат, каде што пораснал. Почнал да игра американски фудбал во средно училиште и бил многу успешен. Додека студирал на Универзитетот Флорида, станал голема ѕвезда. Тој брзо го усовршувал својот неверојатен талент. На 23-годишна возраст, потпишал петгодишен договор со Њу Ингланд во вредност од 40 милиони долари. И приватниот живот му бил совршен. Имал свршеница и убава ќерка. Навистина се чинело дека има сè во животот.

Тој се сретнал со својата свршеница Шана Џенкинс во средно училиште. Имале краток прекин на врската, но се смириле кога Арон тргнал на факултет. Подоцна се родила нивната убава ќерка. Веднаш по раѓањето на бебето, Ернандез купил куќа од 650 метри квадратни во вредност од 1.3 милиони долари. Сè било совршено…

Сепак, никој не знаеше дека Арон е всушност хомосексуалец, а сето ова го откри неговиот брат.

  • Арон го привлекуваа мажи, меѓутоа, неговата врска со Шана беше искрена. Тој ја сакаше и навистина мислеше дека таа е неговиот духовен пријател, откри братот на спортистот.

И таа навистина го сакала. Останала со него кога сите го напуштиле. Поради него, таа се оддалечила и од семејството. Само таа успеала да му прости за ужасниот грев што го сторил. Имено, една вечер Арон го убил свршеникот на својата сестра – фудбалерот Один Лојд. Телото на овој спортист е пронајдено во 2013 година во парк недалеку од куќата каде што живееше Ернандез. Неколку дена подоцна, полицијата ја уапси НФЛ-ѕвездата и неговиот живот почна да се распаѓа. Тимот го отпушти по само два часа од неговото апсење. Спонзорите започнале да ги откажуваат договорите со него, а тој беше обвинет за убиство од прв степен.

Додека судењето траело, Ернандез бил обвинет за двојно убиство што се случило една година порано. Двајца мажи биле убиени среде ноќ во автомобил кој стоел на семафор. Пријателот на Ернандез, осудуваниот криминалец Александар Бредли, изјавил во полицијата дека НФЛ-играчот ги убил овие двајца мажи ладнокрвно затоа што еден од нив случајно му истурил пијалок во клубот претходно. Бредли, кој беше единствениот сведок на настанот, тогаш раскажа како Ернандез му вперил пиштол во глава за да не каже ништо во полициската станица.

Ернандез пораснал во мешано семејство, тој бил хомосексуалец кој честопати бил малтретиран како дете. Подоцна било откриено дека често страдал од тешка форма на дегенеративно нарушување што предизвикува импулсивно, насилно однесување, излив на гнев, параноја и емоционална нестабилност. Докажано е дека спортистите кои имаат траума во главата подолг временски период, често страдаат од ова нарушување. Лекарите истакнале дека е утврдено дека тој има најтешка форма на болсета што некогаш ја виделе кај 27-годишник.

На крајот, Ернандез се самоубил во затвор во 2017 година, инаку ја одлежуваше четвртата година од доживотната казна поради убиството на Флојд.