Икер остана и без Сара и без децата

180

Бракот на легендарниот голман на шпанската репрезентација и на Реал (М), Икер Касиљас и атрактивната новинарка, Сара Карбонеро, и официјално е завршен после повеќе од пет години. Парот стана планетарно популарен за време на Светското првенство во 2010 година, го голманот на „црвената фурија“, сред ТВ емисијата ја бакна Карбонеро, кој го водеше интервјуто со него. Шпанија во финалниот натпревар ја победи Холандија со минимални 1:0, а Касиљас по натпреварот и пред телевизиските камери страсно ја бакна тогаш неговата девојка.

Сара и Икер беа во врска повеќе од десет години, а во брак беа пет години. Шпанските медиуми ги открија најинтересните детали од разводот на славниот пар. Се уште не е познато како ќе биде поделен заединичкиот имот, кој е проценет на нешто повеќе од 350 мил. евра, но истите медиуми пишуваат дека децата ќе и припаднат на атрактивната новинарка.

Седумгодишниот Мартин и четиригодишниот Лукас ќе живеат со својата мајка, а легендарниот капитен на „кралскиот клуб“ моментално живее во еден стан во Мадрид, кој го купи изминатото лето.