Иако на еден ден, Тирана ја освои Каролина  

670

Каролина Гочева, една од најпопуларните и најслушани македонски поп-пејачки, пред некоја вечер настапи во Тирана, во Албанија. Беше воодушевена не само од местото каде што пееше, Националната албанска опера и балет, туку и од самиот град, кој е многу блиску до јадранскиот морски брег.

Каролина ќе ја памети албанската метропола  по почетокот на пролетта, по мирисот на медитеранските растенија. Иако само на еден ден, на нашата Македонка, битолчанка, многу ѝ се допадна Тирана. Градот има широки, чисти, интересно осмислени улици и булевари, со модерно облечени луѓе, а навечер метрополата е добро осветлена.

Пејачката на настапот воодушеви со елегантен, секси, вечерен, долг црн фустан, дизајниран од Јована Зука, кој ја истакнува нејзината еротска фигура. Со неа во Тирана беа и повеќемина македонски музичари, со кои таа постојано соработува.    Д.М.