Зошто треба да чувате ролна тоалетна хартија во фрижидер?

5078
Фото: screenshot youtube Smart Fox

Никој не сака да ја отвора вратата од фрижидерот и да го дочека не толку пријатна комбинација на мириси, но изненадувачки е тешко истиот да се одржи свеж и без мирис.

Дали некогаш сте го исчистиле садот за собирање течности и сте ги избришале сите полици, но сепак не сте успеале да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот?

Обидете се да ставите нова ролна тоалетна хартија на задната страна од полиците на фрижидерот. Можеби звучи лудо, но впивачките својства на тоалетната хартија ќе помогнат да се апсорбираат мирисите, пренесува House Digest.

Најчест извор на лоши мириси е  заборавено овошје, истурен сок или заборавен сад со остатоци од храна турнати на задниот дел од фрижидерот. Се разбира, мирисите можат да бидат предизвикани и од прекумерна влага и истекување на фреон или амонијак.

Најпрво, проверете дали сте го исчистиле фрижидерот и сте решиле евентуални протекувања или можни проблеми со моторот. Откако ќе го направите тоа, еве како ставањето тоалетна хартија во фрижидер може да ги елиминира непријатните мириси.

Доколку сакате да го испробате овој метод, задолжително користете чиста и свежа ролна тоалетна хартија. Не земајте стара ролна од бањата бидејќи веројатно содржи честички од спрејот за мијалник на тоалетот и не ги сакате тие честички во близина на вашата храна.

Исто така, подобро е да набавите тоалетна хартија без мирис. Откако ќе ја оставите тоалетната хартија да апсорбира мириси неколку дена, заменета ја ролната со нова.