Зошто парична казна ако Сити не е крив?!

57

Како и што се очекуваше, контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Жозе Мурињо, како срамна и катастрофална ја дефинираше одлуката да се поништи суспензијата на Манчестер Сити.

  • Ако Манчестер Сити не е крив, тогаш е срамота некого да казните со милионска парична казна. Ако не си крив, тогаш не треба да бидеш казнет. Од друга страна, ако си крив, тогаш мора да бидеш суспендиран. Во секој случај, ова е катастрофа, изјави трофејниот португалски стручњак.

Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифати жалбата на Манчестер Сити кој доби забрана за настап во сите европски клупски натпреварувања во следните две сезони. УЕФА го суспендираше англискиот премиерлигаш поради непочитување на строгите правила на Финансискиот фер-плеј во 2012 и 2016 година. Сити веднаш поднесе жалба, а во конечната одлука на Судот за спортска арбитража беше неведено дека одлуката на УЕФА била неоснована и застарена.

Исто така беше одлучено првичната парична казна од 30 мил. евра да биде намалена на 10 мил. евра.

  • Јас не кажувам дека Манчестер Сити е крив. Кажувам ако не се криви, зошто тогаш парична казна? Знам дека на нив им е многу лесно кога се во прашање парите, но сепак. Ако си виновен, тогаш мора да бидеш суспендиран од натпреварувањето. Не знам дали се криви или не. Јас само ја критикувам конечната одлука, додаде „специјалниот“.