Зимски атак врз Обамејанг

130

Бомбардерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, е најновата желба на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона.

Медиумите кои важат за поблиски до актуелниот шампион на Шпанија ја пласираа и информацијата дека челниците на Барса подготвиле понуда за интернационалецот од Габон и дека истата ќе биде испратена веднаш на почетокот од зимскиот преоден рок.

Според истите медиуми, понудата за обештетувањето на Обамејанг нема да биде помала од 80 мил. евра.