Зелени, жолти, со дамки, сите се посебно здрави, но што ќе речете за црвените банани – три својства ги прават посебни

600

Текстурата и мекоста на црвената, дака банана е идентична со жолтата. Вкусот на оваа банана е сладок вкус кој е најблизок до вкусот на малина.

Црвената дака банана е одличен извор на диетални влакна, кои се неопходни за правилно варење.

Една црвена банана содржи четири грама влакна. Со консумирање на оваа банана можете да го регулирате варењето и да ја намалите можноста за срцеви заболувања и дијабетес.

Бананата не содржи многу калории, па затоа е одлична храна која не содржи масти и лесно се вари. Диететските влакна ќе ве држат сити долго време со многу малку калории.

Витамин Ц

Црвените банани се богати со витамин Ц, кој е антиоксиданс. Витаминот Ц го штити организмот од слободните радикали кои можат да влијаат на појавата на рак и срцев удар.

Овој витамин го зајакнува имунитетот и го подобрува метаболизмот. Една банана содржи 16 проценти од потребната дневна доза на витамин Ц.

 Ја зголемува енергијата

Ако ви треба инстант засилувач на енергија, црвените банани се одличен избор. Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето веднаш се претвораат во енергија со варење.

Една банана после појадок е одличен рецепт за деца кои ќе бидат силни, будни и активни во текот на денот.

Црвените банани се одлична храна за мозокот, концентрацијата, енергијата и добрата меморија.

Помага за полесно откажување од пушење

Црвените банани се богати со витамини од Б-комплексот и витамин Ц, како и со магнезиум и калиум, кои му помагаат на телото да се справи со симптомите кои се јавуваат во телото по откажувањето од пушењето.