ЗДРАВКО ЧОЛИЌ: Денес сè е поинаку, некогаш најважна беше песната, сега ако имате швалерка

275

Сè што ќе се напише и објави за мегаѕвездата Здравко Чолиќ тоа се чита. Тој е веќе 40 години на врвот на популарноста и после распадот на Југославија. Никогаш не се плеткал во крвавата граѓанска војна, како некои други негови колеги пејачи, а сè што има да каже, тоа го кажува исклучиво преку песните. Во Македонија често настапува, неодамна пееше во Кавадарци на гроздоберот, а сега се подготвува за своите два солистички концерти во Белград во големата “Арена“ која собира по еден концерт над 15 илјади луѓе, а на кои ќе дојдат и неговите верни фанови од Македонија. Балканската музичка легенда, денес, за разлика од порано, отворено зборува и за семејството, за некои скандали од животот, за општествените појави. Има две ќерки, Уна и Лара, и признава дека не сака премногу да влијае во животите на ќерките.
– Верувам дека сопругата Сандра ги знае повеќето нивни тајни од мене. Јас нема да се мешам во нивните избори. Мене ми е важно тие две да бидат среќни, коментира Чолиќ. – Колку и да ви се важни семејните вредности, кога се занимавате со оваа работа, семејството мора да трпи, секој ден не можеме да се гледаме. Се обидувам да не почувствуваат дека таткото им е на службени патувања.

Сакам времето квалитетно да им поминува. Секогаш истакнувам дека во нашиот брак сопругата Сандра е таа која е повеќе посветена на нашите ќерки. Признавам дека сум повеќе попустлив во однос на неа. Се трудам воспитувањето да не трпи, како ни традиционалните вредности на кои се темели семејството. Знам дека е тешко во ова време во кое живееме, кое бара многу работа, но на децата им е потребно внимание за да израснат во добри луѓе, вели Чолиќ. Пејачот вели дека неговото име ретко го врзувале за скандали, затоа што или ги немало, или затоа што тој знаел успешно да ги сокрие.
– Кога сте популарна личност, тешко дека нешто можете да сокриете. Живеам живот како и сите други, само што мојата работа е јавна. Приватно не сум скандал мајстор, па немало причина да се пишува за тоа. Во времето кога ја градев кариерата, немаше многу такви вести. Поважно беше каков концерт сте одржале, каква песна сте отпеале, отколку дали сте пијан, дали имате швалерка, дали од некаде на криминален начин се нафатиравте. Денес е сè поинаку. Сите тие работи се најважни и најмногу се читаат, а песната е, за жал, во втор план, раскажа Чолиќ.