За влез во Косово од утре со две, наместо три дози вакцина

121

Косовскиот меѓуресорски Комитет за здравство одлучи во четврток да ѝ предложи на Владата нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три дози вакцини или две дози вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа.

Со новиот предлог, кој се очекува Владата на Албин Курти да го усвои денеска, а кој би стапил во сила в сабота, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини. Влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.