Заха зависи од казната

103

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас, Вилфред Заха, ќе биде најзвучната зимска аквизиција на градскиот ривал Челзи.

Крилниот напаѓач веќе подолг период сака да си замине од редовите на Кристал Палас, но проблем преставува неговото обесштетување од 80 мил. фунти. Од друга страна, Челзи ќе може да купува нови фудбалери само доколку му биде укината казната која ја доби поради трансферите на малолетните фудбалери во 2018 година.