Заев ќе ја даде Попова Шапка во вистински раце

110

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе се инвестира во ски-центарот Попова Шапка, а тоа ќе се направи со привлекување на инвеститори од странство.

– Ние како Влада создаваме физибилити студија за привлекување инвеститор. Треба Попова Шапка да ја понудиме и да ја дадеме во вистински раце. Ретки ни се приликите, а овој центар е посебен и верувам дека ќе предизвика внимание кај инвеститорите. Таму ние веќе брзаме со урбанизација, а туризмот на ова место станува се повеќе атрактивен, истакна Заев.