Еко-акција „Чисти ридови за сите“

40

На иницијатива на повеќе граѓански организации од областа на спортот и заштитата на животната средина, ќе се спроведе еко-акција „Чисти ридови за сите“, а поддржана од Делегацијата на Европската Унија во државата и Општина Струмица.

Од Општина Струмица информираат дека еко-акцијата ќе биде реализирана в недела, во периодот од 10.30 до 14.00 часот на две локации: од пред „Ловен дом” по трим патеката се до „Свети Илија“ и од пред СОУ „Никола Карев” по асфалтниот пат до „Лозињата – Чамчифлик”.

Целта на акцијата е чистење на отпадот од овие локации и подигање на јавната свест за почиста животна средина, а во неа можат да се вклучат сите граѓани љубители на природата.

За време на акцијата ќе бидат почитувани сите мерки за заштита од ковид-19, носење заштитна маска, држење соодветна дистанца, а учесниците ќе имаат можност и за честа дезинфекција на рацете.