Топ моделот Ирина Шајк и актерот Бредли Купер пред три години ја прекинаа својата четиригодишна врска во која ја добија ќеркичката Леа. Медиумите кои го го следат животот на светскиот џет-сет, пишуваа дека тие останале во добри односи, а Ирина и Бредли тоа сега го потврдија и на нивната заедничка фотографија.

Поранешните партнери се сретнале на почетокот на Мет Гала, гламурозната забава за одбраните во Метрополитен во Њујорк и позирале прегрнати, а заедничката фотографија Ирина потоа ја сподели на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Ирина и Бредли по прекинот на нивната врска изјавија дека направиле се да го спасат својот однос, но и по разделбата продолжиле заедно да се грижат за ќерката со која често петаат заедно по Менхетн каде што живеат и двајцата.