Досега се скенирани околу 2 милиони фискални сметки за поврат на ДДВ

111

Oд 1 јули, кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто од платениот ДДВ, до сега апликацијата ја симнале 120.000 граѓани.

Скенирани се близу 2 милиони фискални сметки со кои остварен е промет од близу 17 милиони евра. На оваа сума е пресметан поврат на ДДВ од над 260 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат дури во декември. Од УЈП се задоволни од досегашната реализација на оваа мерка и ефектите кои се во насока на справување со сивата економија.

Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите кои ги купуваат и за услугите што ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки, велат од УЈП.

И покрај сомнежите кои излегоа во јавноста околу безбедноста на апликацијата, од УЈП неколку пати посочија дека граѓаните се максимално заштитени.