Добре дојде, февруари – Лила со мачорот Рагнар: Тоа е нејзиното љубовче најсакано на свет!

274

„Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар“, вака некако вели популарната македонска водителка Лила Стојановска откако со последниот утрешен ден во јануари дефинитивно заврши со сите празници, и оние официјалните и оние верските. Лила ги славеше, и тоа во друштво со својот мачор.

Заслуживме да ѝ се насмееме и да ја испратиме годината, раскажува Лила. Година која ми одржа незаборавна лекција, која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кое не бев подготвена . Ама, нели, храбрите ги следи среќа, па затоа јас излегов посилна и помудра! Тоа што ми е најбитно од сè и во оваа година ми е да сум здрава и жива. Да бидам опкружена само со позитивни луѓе, со тие што ме инспирираат, го будат најдоброто во мене.

Се разбира дека ова се однесува и на мачорот на Лила. Но, кај и да е, стартува февруари, месец кој е означен во календарот на природата како месец во кој се размножуваат мачките. Дали овој непишан закон за продолжување на потомството кај мачките и мачорите ќе го примени и убавиот Рагнар, останува да видиме до крајот на февруари. Само доколку го пушти Лила да прошета низ населбата, да си побрка некоја “женска“.

Водителката Лила Филиповска е позната по тоа што ги сака животните.                       Не дава ни прашинка да падне на Рагнар. Затоа го избира најпрактичното место за него во станот, а тоа се, погодувате, нејзините прегратки. Кога си го гушка газдарицата, мачорот го чувствува тоа на најдобар начин.

Љубовта е најубавиот подарок. Можеби, и за инает на некои лоши јазици, кои и онака постојано измислуваат приказни за Лила. Но и до таквите пораката на Лила е сосема јасна и недвосмислена: “Рагнар, ти си ми другар, сопатник и љубов. Ги чуваш сите мои тајни и ми даваш позитивна енергија за два живота…. Ти си моето љубовче, најсакано на свет“!  (Д.М.) фото:ФБ