Дијаз ќе остане во Милано

62

Поголемиот дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Милан и на Реал (М) се на добар пат да постигнат договор околу трансферот на офанзивниот играч за врска, Брахим Дијаз. Младиот Шпанец е во сопственост на „кралскиот клуб“, но актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на „росонерите“. Од продажбата на Дијаз раководните лица на Реал (М) очекуваат заработка не помала од 25 мил. евра.