Дизајнерски чанти од кеси за храна

180

Италијанските дизајнери Киара Ривитузо и Матео Бастиани решија да го користат отпадот и почнаа да прават торби од амбалажа со храна и пакувања од  Амазон.

Кјара и Бастиани отворија свое студио во 2011 година наречено Камера 60, а неодамна започнаа да работат на уникатен проект.

„Сакам да експериментирам и да направам торби од необични материјали. Имавме намера да ја користиме повторно  пластиката на поинаков начин, така што правиме торби од отпаден материјал, односно пакувања направени од хартија и пластика, а исто така користиме и кутии“, велат дизајнерите.

Една од најубавите торби е од пакување на познатите Oreo, а треба да се спомене и торбата направена од картонска кутија за пиво Heineken, како и торба направена од пакетот Amazon Prime.

Исто така има и торба инспирирана од торбата на Диор, а направена е од пакување за снегулки. Чантите во моментот не се на продажба, а дизајнерите сакаат да ги мотивираат луѓето да ги искористат максимум сите материјали што им се достапни дома.

„Ние сакаме да ги инспирираме луѓето да создадат наместо да фрлаат, би сакале брендовите да ја прифатат оваа визија. Луѓето сè повеќе се свесни за важноста на делувањето за подобра иднина“, додаваат дизајнерите. (Л.Г.Д.)