Дефиниран наследникот на Валверде

104

Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ ја пласираше и информацијата дека раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, планираат следната клупска сезона да ја стартуваат со нов тренер.

На крајот од актуелната сезона Барса ќе стави крај на соработката со актуелниот шеф на стручниот штаб, Ернесто Валверде, а како негов наследник е дефиниран трофејниот холандски стручњак, Роналд Куман, Моментално, Куман е предводник на националниот тим на Холандија, но е расположен и за кам-бек на „Ноу Камп“.