Денес е ден на левучарите

183

Денеска е Ден на левучарите, воспоставен во САД во 1976 година.Секој 13 човек во светот пишува и доминантно се служи со левата рака, а 13 август е Ден на левучарите. Се претпоставува дека со левата рака се повешти дури 13 проценти од луѓето во светот а бројот се зголемил за 4 пати во последните 100 години.

Иако голем дел активности се прават со двете раце, кај секого едната е поразвиена од другата па со неа се прават попрецизните и повешти потези. Ако е поразвиена левата половина на мозокот, човекот е десничар, ако е поразвиена десната – тој е левучар. Десната половина на човековиот мозок која владее со левучарите ги обработува информациите интуитивно, брзо, со многу емоции, креативно. Слабо владее со ориентација во просторот. Воспоставувањето врска помеѓу левата и десната мозочна хемисфера оди побрзо кај левучарите, утврдиле научниците.

Помеѓу славните личности кои ја користеле левата рака се Леонардо Да Винчи, Микеланџело, Бетовен, Бах, Чарли Чаплин, Цезар, Александар Македонски, Наполеон, Ајнштајн и Максвел, Барак Обама, Бил Гејтс.