Две понуди за Максимовиќ

148

Францускиот гигант Олимпик од Марсеј и шпанскиот прволигаш Севилја се последните два клуба кои покажаа интерес за услугите на српскиот интернационалец, Никола Максимовиќ. Централниот дефанзивец пред еден месец стави крај на соработката со италијанскиот калчолигаш Наполи и сега има статус на слободен фудбалер. Фудбалските медиуми открија дека двата клуба му нудат 3-годишен договор вреден 9 мил. евра, но истите извори открија дека Србинот сака во новата сезона да игра и во Лигата на шампиони.