Две понуди за Белоти

70

Италијанскиот калчо гигант Милан доби сериозна конкуренција во Рома кога е во прашање потписот на најдобриот фудбалер во дресот на Торино, Андреа Белоти. Репрезентативецот на Италија сигурно ќе ја промени клупската средина затоа што сака да игра за тим кој ќе се бори за шампионската титула и кој ќе биде дел од Лигата на шампиони. Од продажбата на Белоти, челниците на Торино очекуваат заработка не помала од 50 мил. евра.