Дваесет и четири екипи на првото женско издание на „Тур де Франс“

23

Организаторите на првата женска велосипедска трка „Тур де Франс“ ги соопштија денеска имињата на 24-те тимови, кои ќе настапат на премиерното издание од 24 до 31 јули.

Покрај 14. тимови кои настапуваат на светската турнеја, три места се доделени врз основа на квалификации, додека преостанатите седум екипи добија специјални покани за настап.

Франција, како домаќин, ќе биде најзастапена со пет тимови.

Женската трка ќе стартува под Ајфеловата кула во Париз, неколку часови откако ќе заврши трката „Околу Франција“ во машката конкуренција.