„Дамата“ се одлучи за Фофана

124

Најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на францускиот гигант Монако, Јусуф Фофана. Големата желба на „старата дама“ ќе стане реалност веќе во јануари само доколку официјалната понуда за 24-годишниот играч за врска не биде помала од 25 мил. евра.