Градот Скопје учесник на онлајн „ROCK Open Knowledge Week”

60

Градот Скопје како дел од меѓународниот проект „ROCK“ ќе учествува на завршната online „ROCK Open Knowledge Week” што ќе се одржи од 27- 30 октомври 2020.

Како што информираат од Градот, овој дигитален настан го означува затворањето на проектот„ROCK“, акција за иновации финансирана од програмата ЕУ Хоризонт 2020 и предводена од градот Болоња, ангажирајќи 33 партнери низ 13 земји во истражување како културното наследство може да биде движечка сила за одржливоста на урбаните средини.

Во текот на изминатите три години, десет градови во „ROCK“ – Атина, Болоња, Клуж-Напока, Ајндховен, Лисабон, Ливерпул, Лион, Скопје, Торино и Вилнус – работеа со даватели на услуги и брокери за знаење за да тестираат и унапредат бројни алатки и пристапи насочени кон обликување на одржливи урбани иднини предводени од наследството. На Неделата на отворено знаење за „ROCK“ , интердисциплинарните истражувања ќе исполнат иновативна акција, овозможувајќи дисеминација на знаењето и создавање на нови синергии на европско ниво.

Настанот нуди обемна програма од 20 сесии со 50 говорници и стотици учесници во текот на 4 дена. За време на сесиите на ROCK CityTalks и Campfire, одржани во првите три дена, претставниците на градoвите ќе ги презентираат своите водечки урбани интервенции спроведени на локално ниво, ќе споделат приказни за промени и ќе разговараат за научените лекции.

„ROCK“ ве поканува да се придружите на Open Knowledge Week “Cultural Heritage Leading Urban Futures”, виртуелна конференција за креатори на политики, урбани истражувачи, културни актери, граѓански активисти и градски службеници.

Учеството на „ROCK Open Knowledge Week“ е бесплатно. Сите сесии ќе се одржуваат на англиски јазик, со меѓународно толкување на знаковниот јазик обезбедено во живо.

Проектот „ROCK“ е финансиран од програмата за истражување и иновации Хоризонт 2020 на Европската Унија.