Го убиле оти не ја знаел Библијата на памет

78

Полицијата конечно поднесе обвинение за смртта на седумгодишното момче Итан, кое почина минатата година во април во Висконсин, откако беше „казнето“ поради тоа што не цитираше 13 библиски стихови, пишува „Индепендент“.

Осомничени за смртта на Итан се неговите старатели кои претходно му беа доделени од страна на судот – неговиот чичко Тимоти, сопругата Тина Мекевер-Хаушулц и 15-годишниот син на Тимоти, Дамијан.

– Итан ја издржуваше казната наредена од Тимоти. Казната се состоеше од тоа Итан да носи дрво тешко колку него. Синот на Тимоти ја надгледуваше казната. Во период од еден и пол час, Дамијан неколку пати го удирал Итан, фрлајќи го на земја. Стоел врз него, додека лицето на Итан било во снегот. На крај, целосно го закопал во снегот. Тимоти и Тина го однеле во болница, каде го прогласиле за мртво, се наведува во соопштение од Канцеларијата на шерифот.

Детето починало од хипотермија, со тешки телесни повреди.

– Тинејџерот призна дека го закопал Итан во „неговиот мал снежен ковчег“, пишува „Индепендент“.

Итан имал брат близнак и заедно биле одземени од нивната биолошка мајка.

Тинејџерот е обвинет за убиство од прв степен и независно од тоа што е малолетен, ќе му се суди како на возрасен. Неговиот татко е обвинет за убиство, а Тина Хаушулц за малтретирање на дете.