Богатите фудбалери се главна мета на крадците, а со една таква ситуација, овој пат се соочи фудбалерот на Реал Мадрид, Уругваецот Федерико Валверде и неговата девојка, атрактивната новинарка Мина Бонино, кои се на одмор на познатата Ибица.

Наместо да уживаат, тие доживеале непријатност, бидејќи биле ограбени, а од паричниците им исчезнале 10.000 евра!

  • Кога стигнавме во куќата, готвачот веќе беше таму. Ни кажа дека моментално има само еден клуч од куќата и дека ќе го чува за да може наутро да влезе внатре и да ни направи појадок без да нè вознемирува. Следното утро не можев да станам од кревет, ми се вртеше, повраќав, ја започна приказната Бонино.

Откако се разбудиле, забележала дека таа и Федерико биле ограбени.

  • Еден час подоцна едвај станав и слегов на приземјето, каде што ни ги претресле куферите. Во мојата збунетост, некако го најдов паричникот, но беше празен. Ни украдоа 10.000 евра. Тогаш се појави готвачот и рече дека се било така кога дошол во куќата, истакна Мина.

Готвачот потоа исчезнал, а потоа Федерико и Мина отишле во болница да бидат тестирани за опијати, бидејќи се сомневале дека им ставил дрога во храната за да ги зашемети и потоа да го извршил грабежот. Истото го претпоставувале и во агенцијата што им ја изнајмила куќата.

Но нивните резултати за психоактивни супстанции биле негативни, па прашање е што точно се случило. Мина Бонино подоцна истакна дека најтешко и било тоа што некој и ги допирал приватните работи и ја видел полугола додека спиела.