Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Голден стејт поведе со 1-0 во победи во финалето од Западната конференција, откако славеше во првиот меч од финалната серија против Портланд. Иако во составот на „воините“ не беше Кевин Дурент, сепак не се почувствува премногу неговото отсуство, а главен креатор за успехот беше Стеф Кари кој постигна 36 поени и девет тројки во триумфот од 116:94.

Во дуелот кој го играше на домашен терен, Голден Стејт беше постојано во предност, во неколку наврати Портланд успеа да се приближи, но ниту еднаш вистински да ја загрози победата на бранителот на трофејот. И вториот натпревар ќе биде одигран во Оукленд, а потоа серијата ќе се пресели кај Портланд.

Покрај Кари, Клеј Томпсон постигна 26 поени, додека Дрејмонд Грин имаше дабл-дабл ефект од 12 поени и 10 скока. На спротивната страна Демијан Лилард забележа 19 поени, додека Си Џеј Мекалум, Родни Худ и Морис Харклес постигнаа по 17.

Источното финале во кое се среќаваат Милвоки и Торнто почнува ноќеска.